Top Sport

Леброн дебитираше, Лејкерс поразени од Денвер (Видео)

Најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс, со пораз дебитираше за ЛА Лејкерс. Во првиот меч, во претсезоната Лејкерс беа поразени од Денвер Нагетс 107:124.

Џејмс на дебито имаше учинок од девет поени, три скока и три асистенции. Најефикасен кај „езерџитте“ беше Џавел Мекги со 17 поени, еден повеќе од Брендон Инграм и два од Кајл Кузма.

Кај Денвер седум играчи постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Џамал Мареј со 18, Тајлер Лајлес имаше 14 поени, седум скока и четири асистенции.

Деби за новиот тим имаше и Демар Дерозан. Поранешниот играч на Торонто Репторс, одигра 18 минути во победата на Сан Антонио Спарс над Најами Хит 104:100. Дерозан мечот го заврши со седум поени.

На останатите натпревари: Чикаго Булс со 128:116 ги победи Њу Орлеанс Пеликанс, додека Бостон Селтикс славеа 115:112 во дуелот со Шарлот Хорнетс.

Scroll to Top