Top Sport

Дибиров во тимот на колото (Видео)

Ракометарите а Вардар, викендов победнички минаа низ Веспрем (27:25) и го задржаа максималниот ефект по првите три кола во Лигата на шампионите. Во впечатливото тимско издание на Вардар, се издвоија голманот Дејан Милосављев со 12 одбрани, односноТимур Дибиров со шест, односно Вуко Борозан со пет постигнати гола.

По завршувањето на третото коло ЕХФ го објави тимот на колото, а место во него имаше за Дибиров. Рускиот репрезентативец е најдоброто лево крило во третото коло.

Покрај Дибиров во тимот на колото се најдоа голманот и пикерот на ПСЖ, Родриго Коралес и Лука Карабатиќ, левото крило на Силкеброг Николај Маркусен, средниот бек на Цеље Јака Малуш, десниот бек на Кјелце Алес Душебаев и десното крило на ПИК Сегед Марио Шоштариќ.

Најдобрите потези на најдобрите седум во ова коло можете да ги погледнете на овој линк.

Scroll to Top