Top Sport

Светски шампион избркан од тимот оти го поддржал Трамп на Твитер

Јуниоркиот светски шампион во велосипедизам, Американецот Квин Симонс (19) бил избркан од неговата екипа „Трек-Сегафредо“ затоа што на Твитер пишувал коментари со поддршка за актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп кој се кандидира за нов мандат.

„За жал, нашиот возач давал изјави на интернет кои ги сметаме за непригодни и штетни за нашата екипа, за професионалниот велосипедизам, за неговите навивачи и за светлата иднина во овој спорт“ – вака ја образложија суспензијата од тимот.

Симонс поставил „спорен“ коментар реагирајќи на холандска новинарка која била против Трамп, а неговото коментирање било протолкувано како расистичко.

Новинарката подоцна ја избришала својата објава и навела дека се чувствуваа грозно, што резултирало со суспензија на велосипедистот.

Scroll to Top