Top Sport

Леброн доби 85 милиони долари за дополнителни две години со Лејкерси!

Леброн Џејмс, ѕвездата на НБА шампионите, Лос Анџелес лејкерс се согласи со клубот за двегодишно продолжување на договорот за 85 милиони долари, објави неговиот агент Рич Пол.

Џејмс, кој ќе наполни 36 години овој месец, имаше просек од 25.3 поени минатата сезона, и најдобар скор во НБА лигата со 10.2 асистенции по натпревар, а со продолжувањето останува во НБА до сезоната 2022/23, за вкупно 20 сезони во НБА. Леборн ќе искешира 39.2 милиони долари во 2020/21, 41.1 милиони долари во 2021/22 и 44.4 милиони долари во 2022/23.

Џејмс беше прогласен за МВП на НБА финалето, откако ги предводеше Лејкерси до победа над Мајами хит во шест натпревари, станувајќи првиот кошаркар во историјата со МВП награда со три тима – со Мајами хит во 2012 и 2013 и со Кливленд кавс во 2016.

Attack on Titan Season 3 Episode 12 at AnimeHeaven anime heavene

Dr. Stone: Stone Wars (https://animeplanet.cc/m/AeYg) Episode 1 at AnimePlanet anime planet harem

Scroll to Top