Top Sport

Леброн го „начека“ Трамп: Отпуштен си!

НБА ѕвездата Леброн Џејмс не можеше да се возддржи од малку ликување, откако во саботата беше објавено дека Џо Бајден е новиот американски претседател, што значи дека стариот „непријател“ на кошаркарот, Доналд Трамп ќе се пакува од Белата Куќа.

Леброн се приклучи на коментарите на социјалните мрежи откако неговиот конфликт со Трамп траеше неколку години во кои двајцата си разменуваа навредувачки коментари.

Џејмс прво објави видео на кое пуши цигара со порака „Повеќе од избори“, за потоа да го постира Трамп со славната порака „Отпуштен си“ од неговото реално шоу.

Scroll to Top