Top Sport

Леброн го помина Коби на вечната листа на стрелци во НБА (видео)

„Кралот“ Леброн Џејмс успеа да го помине Коби Брајант на вечната листа на стрелци во НБА лигата, преземајќи го третото место зад легендарните Карим Абдул-Џабар и Карл Мелоун.

Неговиот Лос Анџелес лејкерси загубија во Филаделфија од Сиксерси со 108:91, но 29-те поени на Џејмс беа доволни тој да го помине Коби и да има 33.643 поени во кариерата (досега). Абдул-Џабар има 36.928, додека Карл Мелоун е на 38.387.

„Среќен сум што воопшто сум во иста реченица со Коби Брајант. Тој е еден од најголемите кошаркари на сите времиња, еден од најголемите Лејкерси. Тој има два дреса кои висат во ’Стејплс центарот’. Тоа е сосема лудо“, изјави Леброн, кој ја заврши вечерта со 29 поени, 8 асистенции и 7 скока.

Самиот Брајант веднаш му честиташе на Џејмс на Твитер.

„Продолжувајќи да го движи спортот напред. Кралот Џејмс. Многу почит, брату“, напиша Брајант.

Scroll to Top