Top Sport

Леброн и Дејвис го покорија Денвер, СА по две продолженија подобри од Хјустон (Видео)

Седум натпревари се одиграа во НБА лигата изминатата ноќ. Индовидуално се истакнаа Лука Дончиќ и Џејмс Харден.

Далас победија во Њу Орлеанс 118:97. Доночиќ остваври рекордни во кариерата 18 скока, на кои придодаде 33 оени и пет асистенции.

Хјустон загубија во Сан Антонио по две продолженија со 135:133.

Во регулраниот дел Вокер погоди за Сан Антонио израмни на 115:115, а потоа Харден промаши шут за победа. „Брадата“ беше трагичар и во продолженијата, промаши за победа на истекот на првото продолжение, а не се прослави ниту во второто продолжениа. Тој го направи фаулот што им овозможи на Сан Антонио да поентираат за победа.

Харден мечот го заврши со 50 поени но со ужасен шут од поле (11/38). Сан Антонио до победата го предводеа Вокер со 28 и Форбс со 25 поени.

ЛА Лејкерс победија во Денвер 105:96. Леброн Џејмс и Ентони Дајвис постигнаа по 25 поени, Леброн имаше и шест скока и девет асистенции, а Дејвис забележа и десет скока.

Кај Денвер потфрли Никола Јокиќ (13 поени, 4 скока).

Резултати:

Кливленд-Детроит 94:127
Вашингтон-Орландо 120:127
Торонто-Мајами 110:121
ЛА Клиперс-Портланд 117:97

Scroll to Top