Top Sport

Прв пат во историјата на НБА – Европејци се играчи на месецот

Кошаркарите на Милвоки Бакс и Далас Маверикс, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ, се прогласени за најдобри во своите конференции за месец ноември.

Гркот и Словенецот испишаа историјата во НБА бидејќи никогаш претходно не се случило во ист месец најдобри да бидат играчи од Европа.

Адетокумбо играше сјајо минатиот месец, на само еден меч не забележа дабл-дабл. „Фрик Грик“ во ноември просечно бележел по натпревар 30,9 поени, 13,4 скока, 5,9 асистенции, 1,5 украдени топки и 1,4 блокади.

Дончиќ во ноември во просек имаше 30,6 поени, 9,9 скока и 9,6 асистенции.

Scroll to Top