Top Sport

Леброн ќе пропушти два натпревари

Леброн Џејмс ќе ги пропушти наредните два натпревари, поради повреда на скочниот зглоб. ЛА Лејкерс ќе бидат без Леброн на натпреварите со ЛА Клиперс и Портланд Трејлблејзерс. Според ЕСПН, можно е Џејмс, покрај овие два, да пропушти уште некој натпревар.

Леброн Џејмс, поради повреда на скочниот зглоб, отсуствуваше шест недели. Се врати во тимот минатата недела, играше против Сакраменто и Торонто, а потоа го пропушти дуелот со Денвер.

На шест натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната, Лејкерси се уште немаат обезбедено место во плеј-офот. Можно е тие да играат плеј-ин со осмиот тим од Западот.

Во моментов Лејкерси на шестото место имат 37 победи и 28 порази, Портланд се седми со 36 победи и 29 порази.

Scroll to Top