Во САД владее мислењето дека ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е најголемиот губитник поради моментната пауза во НБА лигата, поради пандемијата на коронавирусот во светот.
Спортските новинари, Крис Брусард и Роб Паркер сметаат дека „шампионскиот пат“ на Џејмс е пред истекување.
„Леброн Џејмс најмногу ќе изгуби поради прекинот на сезоната, пред се ако таа биде комплетно откажана. Можам да го чујам неговиот `шампионски часовник` како отчукува. Тој покажува дека на Леброн очајнички му е потребно сезоната да продолжи“ – изјави Паркер.
Пред прекинот на НБА сезоната, „езерџиите“ беа први во Западната конференција со скор 46-14.
„Ајде да бидеме искрени, Џејмс нема поим дали може да се игра како што се играше до сега. Кога ќе помислите на тоа колку добро играше во својата 17-та НБА сезона, колку Лејкерси добро се снајдоа и колку добро стартуваа, нема сомнеж дека ова би можело да биде потенцијален шампионат кој би можело да се клизне и никогаш да не се повтори“ – подвлече американскиот новинар.