Top Sport

Робен не потпишал за Јунајтед оти му „смрдело“ во тренинг-кампот!

Многумина сметаа дека требаше да одигра уште некоја сезона, но холандскиот фудбалски интернационалец, Арјен Робен по ангажманот во Баерн Минхен реши да „ги закачи“ копачките.

На тој чекор се реши откако помина цела деценија во Баерн, но не смее да се заборави неговиот придонес и во игрите на Челси, односно Реал Мадрид.

„Летечкиот“ Холанѓанец кариерата ја започна во Гронингем, па потоа играше во ПСВ, а во 2004 година направи трансфер во Челси.

Тогаш му се отворила можност да заигра и за клубот од „Олд Трафорд“. Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд на Инстаграм одговарал на прашања на навивачи, меѓудругите и за тоа зошто пропаднал трахсфер на Холанѓанецот меѓу „ѓаволите“.

„Каков играч, Робен беше сјаен. Требаше да го доведеме во Јунајтед. Мислам дека дојде во тренинг кампот. Се прошета по кампот, не му се допаѓало како мириса, па прошета и отиде во Челси. Не можев да верувам. Ќе беше сјаен за нас“ – рече Фердинанд.

Арјен Робен за Челси одигра 106 меча, постигна 19 гола, а имаше и 22 асистенции.

Scroll to Top