Top Sport

Леброн „олеснет“ 15.000 долари за безобразната прослава

НБА лигата потврди дека ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е казнет со 15.000 долари за неговото непристојно прославување на поените при победата над Индијана пејсерс изминатата недела.

Лејкерси беа приморани да играат продолженија во четвртокот навечер, пред да стигнат до 124:116 победа во меч во кој Леброн се жалеше кај судијата да исфрли двајца навивачи на Пејсерси поради наводните навреди за неговиот син, но 36-годишниот Џејмс овојпат беше казнет за фаќање за мадиња по тројката.

„Леброн Џејмс е казнет со 15.000 долари за непристојниот гест и е официјално предупреден за користење на неприкладен јазик при медиумските настапи“, се вели во објавата на НБА.

Тој меч беше прв на Леброн откако беше суспендиран еден меч за тепачката со Ајзаја Стјуарт на мечот со Детроит пистонс.

Scroll to Top