Top Sport

Леброн се јави по убиството во Минеаполис: Сега сфаќате ли зошто?

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по последиците од апсењето предизвикаа нереди во Минеаполис, а „кралот“ Леброн Џејмс повторно се јави со порака да престане убивањето на Афроамериканците во САД.

Флојд беше приклештен на подот со коленото на еден од четирите полицајци кои го апсеа, и кои се отпуштени денеска, кои не реагираа и покрај тоа што тој им велеше дека не може да дише. Флојд подоцна починал во болница.

Леброн преку социјалните мрежи ги повика на „будење“ сите луѓе во САД.

„Еве зошто? Сега сфаќате ли или уште сте во магла? Останете будни“, напиша Џејмс на Инстаграм со фотографијата на Флојд и на НФЛ ѕвездата Колин Кеперник, кој беше критикуван за одлуката да клечи за време на американската химна пред натпреварите.

 

View this post on Instagram

 

Do you understand NOW!!??!!?? Or is it still blurred to you?? ??‍♂️ #StayWoke?

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Пред неколку недели Џејмс исто така реагираше на уште едно убиство, на 25-годишниот Ахмед Арбери во Џорџија, кого двајца белци го застрелаа сметајќи дека ќе ги нападне.

Џорџ Флојд бил пријател на поранешниот НБА кошаркар, Стивен Џексон, кој беше шампион со Сан Антонио спарс во 2003 година.

„Брату, ти ветувам дека ова нема да помине така. Бесен сум кога гледам како те убија. Почивај во мир“, напиша Џексон на Инстаграм.

Scroll to Top