Top Sport

Леброн си направи проблеми со песната за „еврејските пари“

Само еден ден откако ги критикуваше сопствениците на НФЛ тимовите во американски фудбал и ги окарактеризира како расисти, Леброн Џејмс на својот Инстаграм профил постави контроверзна песна во која се пее за „земањето на еврејските пари.

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс влезе во остар напад на сопствениците на НФЛ тимовите во американски фудбал нарекувајќи ги „група бели старци со менталитет на робовладетели“, додавајќи дека е пресреќен што во НБА не постои таква атмосфера.

„Во НФЛ имате група бели старци кои се сопственици на тимови и кои имаат менталитет на робовладетели. И тие велат: ’Ова е мој тим, ќе правите што ќе ви кажам или ќе си одите’. Тие кои прават проблеми си одат. Но, секоја недела без Тод Гарли и Одел Бекам Јуниор и такви луѓе нема фудбал. Истото е и во НБА, но со голема разлика – во НБА веруваме дека можеме да бидеме подобри“, вели Леброн.

Но, само еден ден потоа, тој предизвика бура со песната на 21 Savage во која има едноставен текст: „We getting that Jewish money, Everything is Kosher“ (Ги добиваме тие еврејски пари, сѐ е кошер).

Scroll to Top