Top Sport

Лацио би дал 15 милиони евра за Елиф Елмас!

Турските и италијанските медиуми тврдат дека Лацио е подготвен веќе во јануари да исплати 15 милиони евра и во своите редови да го донесе еден од најталентираните македонски фудбалери, Елиф Елмас од Фенербахче.

19-годишниот Елмас оваа година е еден од подобрите фудбалери во хаотичната состојба во Фенербахче, кои се мачат со резултатите, и Лацио во него гледа совршена замена за Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кого веќе подолго време се зборува дека е блиску до голем трансфер.

Турските медиуми велат дека понуда од 15 милиони евра во овој момент, Фенербахче едноставно не смее да си дозволи да ја одбие.

Елмас, кој има пет настапи за македонската репрезентација, дојде во Турција од Работнички за само 180.000 евра пред година и пол.

Фото: ЕПА

Scroll to Top