ЛА Лејкерс ги декласираа актуелните НБА шампиони, Голден стејт Вориотс 127:101, а Божикната прослава им ја расипа повредата на Леброн Џејмс. Ова е прва победа на Лејкерс во дуелите со Вориорс уште од 5.ноември 2016 година.
Лејкерс ја запишаа 20.победа во сезоната, иако речиси цело полувреме играа без Леброн Џејмс. „Кралот Џејмс“ се пожалил на повредата на препоните во третиот период, на 7:51 минути до крајот на четвртината тој излегол од игра и повеќе не се вратил на теренот.
Лејкерс и без него запишаа победа, иако Вориорс во еден момент се доближиле на два разлика (78:76).
До повредата Леброн имал учинок од 17 поени и 13 скока. Кајл Кузма ги предводел Лејкерси со 19 поени, 21-годишниот Хрват Ивица Зубац забележал 18 поени и 11 скока, а Режон Рондо завршил со 15 поени и 10 асистенции.
Најефикасен кај Вориорс бил Андре Игудала со 23 поени, два помалку запишал Кевин Дурент.