Пред вечерашниот меч против Финикс санс, по кој можат да бидат елиминирани од трката за плејофот, Лос Анџелес лејкерс добија уште еден удар, откако се потврди дека нивниот најдобар играч, Леброн Џејмс повторно е повреден.
Лејкерси, кои имаат шест порази едноподруго, заостануваат два меча зад Сан Антонио во трката за последното место во плејофот од Западната конференција и можат да бидат елиминирани од плеј-ин турнирот со пораз од Санси и со победа на Спарси кај Денвер нагетс. Дури и да победат во последните четири меча, Сан Антонио треба да загуби три од последните четири меча за Лејкерси да го добијат 10. Место.
Џејмс пропушти два од последните три меча на Лејкерси, а сега повторно ќе биде во аут со повреда на скочниот зглоб.