ЛА Лејкерс, не усеаја да ја одбранат титулата во НБА лигата. „Езерџиите“, сезоната ја завршија во првата плејоф рунда. Во клубот, имаат големи планови за наредната сезона, Според медиумите најмалку една супер-ѕвезда ќе го засили тимот.
Новинарот Марк Спирс, тврди дека од наредната сезона, дресот на Лејкерс ќе го носи Расел Вестбрук, а со „езерџиите“ се поврзува и ветеранот Крис Пол.
Лани, во ЛА пристигна Денис Шрудер. Германецот не ги оправда очекувањата и тој ќе го напушти клубот. Во текот на сезоната тој одбил договор „тежок“ 78 милиони долари за четири сезони.
Новинарот Спирс, тврди дека Лејкерси и Вашингтон Визардс договориле „sign and trade“, во кој покрај Шрудер, во престолнината на САД би се преселиле Кајл Кузма и Тејлен Хортон-Такер.
Од Вашинготн во Лејкерс би се преселил Вестбрук.
Причината зошто овој трејд се уште не бил завршен е Крис Пол. Ветеранот, вчера остана без шампионскиот прстен со Финикс Санс. Со оваа франшиза тој има договор и за наредната сезона. Пол бил подготвен да се откаже од последната година, според која треба да заработи 44 милиони долари, бидејќи е сигурен дека во друг клуб би добил тригодишен договор и повеќе пари.
Лејкрси се опција за Пол бидејќи тој е добар пријател со Леброн Џејмс.