Top Sport

Лидерот Милвоки падна на Флорида (Видео)

Мајами Хит забележаа победа над најдобриот тим во лигата Милвоки Бакс 105:89. Милвоки кои веќе имаат обезбедено пласман во плејофот го забележаа деветтиот пораз во сезоната во 61 натпревар. Мајами се четврти на Истокот со скор 39 победи и 22 порази.

Мајами одиграа одличен натпревар против лидерот, со тимска игра забележаа победа. Одбраната на Мајами во целост ги неутрализира главните напаѓачки опции на Милвоки, Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон.

Јанис мечот го заврши со 13 поени (6/18 од поле) и 15 скока, додека Мидлтон постигна само 12 поени (4/16 од поле).

На спротивната страна шестмина играчи на Мајами постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Батлер и Краудер со по 18 поени, Драгиќ постигна 15, Адебајо 14 на кои придодаде и 13 скока.

Резултати:

Кливленд-Јута 113:126
Њујорк0Хјустон 125:123
Орландо-Портланд 107:130
Атланта-Мемфис 88:127
Чикаго-Далас 109:107
Сан Антонио-Индијана 111:116.

Scroll to Top