Литванскиот селектор Даиниус Адомаитис потврди дека ќе се повлече од репрезентацијата по крајот на Светското првенство во Кина, откако беше бесен за „кражбата“ која им ја направија судиите на мечот со Франција, која подоцна ја потврди и ФИБА. Адомаитис четири години беше селектор на Литванија.
Претходно, ФИБА ја разгледа жалбата на Литванија околу одлуката на судиите за последните секунди од мечот со Франција, оценувајќи дека Руди Гобер го допрел обрачот додека топката била во контакт по слободно фрлање на 30.8 секунди пред крајот на последната четвртина и дека требало да биде судено попречување.
ФИБА потврди дека тројцата судии, Антонио Конде, Даниел Алберто Гарсија Ниевес и Леандро Лезкано нема да бидат избрани во текот на шампионатот, но тоа не ја намалува болката на Литванците, кои со поразот од Франција ги загубија шансите за четврт-финале.
FIBA has confirmed that Gobert’s interference in the closing seconds of France vs Lithuania was illegal. The refs will not call any other World Cup game, but the result stands pic.twitter.com/NKT9NBBi39
— Aris Barkas (@arbarkas) September 8, 2019