Top Sport

Лу ќе му помага на Риверс во ЛА Клиперс

Поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс, Тајрон Лу, постигнал договор со екипата на ЛА Клиперс, објавија американските медиуми.

Лу, шампион со Кливленд во 2016 година, ќе му биде главен асистент на првиот тренер Док Риверс. Инаку, Лу веќе му бил помошник на Риверс, во Бостон и ЛА Клиперс.

Во текот на преодниот рок се поврзуваше со клубот во кој мина време како играч, ЛА Лејкерс, но како главен тренер.

ЛА Клиперс во летниот преоден рок се засилија со Каваи Ленард и Пол Џорџ, поради што „преку ноќ“ станаа фаворити за освојување на титулата.

Scroll to Top