Top Sport

Проектилот на Скарпа против Гремио (Видео)

Во првиот четврт-финален меч во Копа Либертадорес, Палмеирас на гостински терен го победија Гремио со 1-0.

Пресметката помеѓу двата клуба ја реши Густаво Скарпа во 31 минута со спектакуларен гол. Скарпа испрати вистински проектил од 30 метри, а топката заврши под гредата.

Гостинскиот тим мечот го заврши со играч помалку, во 77 минута вториот жолт картон го доби поранешниот играч на Јувентус, Фелипе Мело.

Реванш натпреварот за една недела ќе се одигра на стадионот на Палмеирас.

Scroll to Top