Top Sport

Лудо забивање на 0.9 секунди пред крај и 2:0 водство на Санси!

Финикс санс стигнаа до драматична 104:103 победа над Лос Анџелес клиперс за да поведат со 2:0 во финалето на Западната конференција во НБА плејофот

Во еден неверојатен меч, кој беше израмнет до самиот крај, победникот го реши Деандре Ејтон со забивање на 0.9 секуди пред крајот на мечот. Санси имаа подобро отварање на мечот и 25:23 предност по првата четвртина, но не успеаја да се одвојат и на полувреме се отиде со само 48:47 предност за Санси.

Потоа дојде драматичната завршница, во која Клиперс имаа поен предност, пред Бриџис да утне обид за поени, а топката да излезе во аут. Краудер успеа да го најде Ејтон, кој атрактивно заби преку Ивица Зубац за фантастична победа.

Камерон Пејтон беше најефикасен за Санси со 29 поени (12-од-24) и 9 асистенции, Ејтон заврши со 24 поени и 14 скока. Кај Клиперси најефикасен беше Пол Џорџ со 26 поени, 6 скока и 6 асистенции.

Scroll to Top