Top Sport

Лук Кенард со шутерско шоу го одведе Мемфис во плејофот

Кошаркарите на Мемфис Гризлис со победата од 151:114 над Хјустон обезбеди место во плејофот, а предводник во успехот беше Лук Кенард со 30 поени, сите со шутеви од далечина. Тој постави нов НБА рекорд откако погоди дури 10 тројки од 11 обиди.

Лос Анџелес Лејкерс без Леброн Џејмс го совладаа Оклахома Сити тандер со 116:111 и првпат сезонава имаат успешност од 50 проценти.

Голден Стејт Вориорс во дербито ја победи Филаделфија со 120:112 со одлична игра во последната четвртина. Џоел Ембид постигна 46 поени за поразениот тим.

Лука Дончиќ уфрли 34 поени против Шарлот, но тимот на Далас загуби трет натпревар по ред. Гостите славеа со 109:117, а Пи Џеј Вашингтон беше стрелец на 28 поени.

Бостон Селтикс ја победи Индијана со 120:95. Тејтум беше најдобар во домашниот тим со 34 поени.

Резултати НБА: Бостон – Индијана 120:95, Вашингтон – Сан Антонио 136:124, Торонто – Детроит 118:97, Мемфис – Хјустон 151:114, Далас – Шарлот 109:117, Јута – Милвоки 116:144, Голден Стејт – Филаделфија 120:112, Портланд – Чикаго 96:124, Сакраменто – Феникс 135 – 127, ЛА Лејкерс – Оклахома 116:111.

Scroll to Top