Top Sport

Лука Банки го презема кормилото на Виртус

Италијанскиот стратег Лука Банки е нов тренер на евролигашот Виртус, потврдија од клубот. Банки ќе го замени Серџо Скариоло, кој доби отказ.

Виртус и Банки се договорија за двегодишна соработка.

Лука Банки на Светското првенство како селектор ја предводеше Летонија со која го освои петтото место и беше прогласен за најдобар тренер на турнирот.

Раководството на Виртус има големи очекувања од новата сезона во Евролигата и на Лука Банки му обезбеди најголем буџет во клупската историја.

Scroll to Top