Top Sport

Кошаркарите поразени на тестот со Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби на пријателскиот против Полска со 97:81. Тоа е првиот од двата теста за нашиот национален тим што се играат во Србија.

Кај нас најефикасен со 18 поени беше Ти-Џеј Шортс, а Стојан Ѓуроски уфрли 15. Војдан Стојановски го заврши мечот со 13 поени.

Кај победникот Александар Барчеловски со 23 поени беше прво име, а го пратеше Микал Соколовски со 16 поени.

„Ова е прв натпревар за нас, имавме само неколку дена комплетни да се подготвуваме. Имаше добра енергија на дел од мечот бевме и рамноправни. Но имаше и ситуации од кои најмногу стравувавме и тие се покажаа како најголем хендикеп за нас, а тоа се скокот после одредена одбрана. Имаа многу повеќе скокови од нас и тоа мора да не загрижи. Имавме 8 промашени слободни од 18, што е голема бројка. Останатото е во задоволителни граници. Позитивно е тоа имаше желба, за да се надигруваат иако бевме инфериорни на секоја позиција на физички план“, изјави по мечот селекторот Александар Јончевски.

Scroll to Top