Новата НБА сензација, Лука Дончиќ со право е избран за најдобар спортист на Словенија во 2018 година, а друштво и прави Јања Гарнбрет, шампионката во спортско искачување. Двајцата имаат по 19 години.
Дончиќ минатата сезона го освои европскиот трон со Реал Мадрид, пред да замине во НБА, каде што доминира во тимот на Далас маверикс и по неколку месеци да е прв кандидат за најдобар руки во лигата.