По два месеци блескава игра и преговарање со повеќе компании, феноменот на Далас маверикс, Лука Дончиќ официјално потврди дека потпишува договор со „Џордан бренд“ на „Најк“.
„Вистинска чест е да се биде дел од семејството Џордан, посебно во вакво интересно време за нив и за мене. Едвај чекам да почнам да работам со тимот и да ставам сопствен печат на иднината на брендот“, изјави Словенецот.
Според американските извори, 20-годишниот актуелен дебитант на минатата сезона добива „повеќегодишен богат договор“, со суми кои достигнуваат и над 100 милиони долари. Дончиќ дојде од Реал Мадрид со двегодишен договор со „Најк“, кој продолжи во неговата дебитантска сезона, но заврши пред крајот.
Џордан пак, во последните шест месеци покрај со Дончиќ, потпишаа и повеќегодишни богати договори со Зион Вилијамс и Џејсон Тејтум, кошаркари кои имаат по 21 година.
Family flies together. #JUMPMAN pic.twitter.com/SnXhgNvk0j
— Jordan (@Jumpman23) December 26, 2019