Кошаркарите на Мајами Хит први изборија пласман во конференциското финале. Полу-финалната серија на Истокот, против Филаделфија, Мајами ја добија со 4:2. Изминатата ноќ, Мајами победија во Филаделфија со 99:90.
Мајами, втор пат во последните три сезони изборија место во финалето на Истокот. За разлика од нив Филаделфија од 2001 година не успева да го мине полу-финалето.
Повторно Џими Батлер беше клучниот играч на Мајами. Во третата четвртина, кога Мајами направија серија од 16:2, тој постигна 14 поени.
Батлер натпреварот го заврши со 32 поени, осум скока, четири асистенции и две блокади. Макс Струс го одигра најдобриот меч во оваа сероја (20 поени, 11 скока, пет асистенции).
Џоел Ембид на спротивната страна имаше 20 поени и 12 скока, 20 поени постигна и Тајрис Мекси. Уште еднаш потфрли Џејмс Харден кој постигна 11 поени.
Мајами во конференциското финале ќе игра против победникот од серијата помеѓу Милвоки и Бостон. Милвоки имаат предност од 3:2.