ФИБА Европа во пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година излезе со прогноза кои селекции ќе ги минат групите и ќе изборат пласман на првенството. Според ФИБА Европа селекцијата на Македонија нема да се пласира на континенталното првенство.
Македонија се наоѓа во група со Италија, Русија и Естонија. Според рејтингот „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 29 позиција во конкуренција на 32 селекции. Зад Македонија се само Швајцарија, Романија и Австрија.
Во групата во која е Македонија најдобар рејтинг има Италија (6 место), Русија е седма, а Естонија 26 на листата на ФИБА Европа.
Македонија квалификациите ќе ги отвори утре во Скопје против Естонија, а во овој прозорец на ФИБА Европа, ќе одигра и против Русија во Перм на 23 февруари.
фото/kfsm.mk