Top Sport

Македонија ќе игра во втората фаза од квалификациите за ЕП 2025

Mашката кошаркарска репрезентација на Македонија по елиминацијата во квалификациите за СП 2023 ќе игра во вториот круг од квалификациите за место на Европското првенство што ќе се одржи во 2025 година.

Друштво на Македонија ќе ѝ прават репрезентациите на Бугарија, Хрватска, Полска, Португалија и Словачка како елиминирани од светските квалификации, Австрија, Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка како најуспешни во првата претквалификациска фаза и Кипар како ко-домаќин на Европското првенство во 2025 година.

Дванаесетте репрезентации ќе бидат поделени во три групи, а пласман во квалификациите за Евробаскетот 2025 обезбедуваат Кипар како ко-домаќин и трите победници на групите. Претквалификациите ќе се играат во три ФИБА прозорци, односно во август и ноември 2022 и февруари 2023 година.

Осумте репрезентации кои нема да обезбедат пласман во квалификациите, одат во нова рунда доигрувања каде ќе им се приклучат елиминираните од првата фаза: Косово, Ирска, Луксембург и Албанија.

Scroll to Top