Top Sport

Македонија продолжува на долгиот пат до ЕП (фотогалерија)

Македонската кошаркарска репрезентација стигна до втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2025, победувајќи ја Словачка дома по драматичниот триумф над Данска. Ова значи дека селекторот Александар Јончевски стартува со својата работа со две победи, по што тој ги предупреди своите момци дека ова е само почеток.

„Пред се, ова беше многу тежок натпревар. Заморот можеби во нашата екипа повеќе се чувствуваше на стартот, затоа што имавме многу загубени топки. Нешто кое го договаравме да го спроведеме со Данска, тоа е да го минимизираме бројот на загубени топки, не успеавме. Загубивме девет топки до полувреме, тоа нè чинеше многу примени поени од транзиција и тоа не можевме да го надминеме во вториот дел. Им честитам на момците што во овој циклус дојдоа до две многу важни победи во ситуација во која од четири тима, само еден оди понатаму. Меѓутоа, работата не е завршена затоа што и Норвешка е со ист статус како со нас. Ни претстојат уште два тешки циклуса“, вели Јончевски

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top