Македонските судии со знакот на ФИБА, Александер Павлов и Алија Феревски, добија убаво признание. Тие ќе бидат дел од судискиот кадар на претстојниот завршен турнир на кој ќе биде промовиран новиот шампион во БИБЛ.
Македонските интернационалци се дел од официјалните лица кои ќе арбитрираат на натпреварите од „фајналфор“ кој од 28. до 30.април ќе се игра во Стара Загора, а на кој за трофејот ќе се борат екипите на Хапоел Бер Шева (Израел), Милениум (Црна Гора), Пеќ (Косово) и Берое (Бугарија).
Покрај Павлов и Феревски, на листата на судиите за собирот во Стара Загора се уште и двоецот од Грција, Диамантидис Лортос – Јоанис Аграфиотис, како и од Црна Гора, Стефан Кубуровиќ – Сава Четковиќ.