Гордон Хејворд крилниот играч на Бостон Селтикс нема среќа со повредите. Откако минатата сезона ја пропушти поради повреда, тој од иста причина ќе пропушти добар дел од оваа сезона.
Хејворд се повреди на мечот со Сан Антонио кој Селтикс го добија 135:115. 29 годишникот во една акција едноставно се забил во противничкиот играч и го извлекол подебелиот крај.
Првите информации говорат дека имал фрактура на левата рака.
Инаку лани на дебито за Бостон, по само неколку минути игра Хејворд ја скина Ахиловата тетива поради што ја пропушти сезоната.