Top Sport

Марјановиќ и Дончиќ се опуштаат со српски песни

Неколку часа откако Горан Драгиќ се пофали со фотографијата со Влатко Чанчар и Никола Јокиќ на „Југословенска вечер“ заедно, Далас маверикс преку социјалните мрежи споделија видео од уште една словенечко-српска „дружба“, овојпат на соиграчите Бобан Марјановиќ и Лука Дончиќ.

Со порака за благослов на денот со момент на двајцата кошаркари, Маверикс споделија видео во кое репрезентативецот на Словенија, Дончиќ ја пее песната „Анонимна“ на Слободан Васиќ. Дека Дончиќ ги знае сите српски песни не е зачудувачки, бидејќи неговиот татко беше Србин, додека мајка му е Словенка.

И во НБА лигата има „Југословенска вечер“

Scroll to Top