Top Sport

Матијас Лесор доби суспензија од три меча во АБА лигата

Дисциплинскиот судија на АБА лигата, Хрвоје Видан, му изрече суспензија од три натпревари на кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, поради предизвикување инцидент на крајот на натпреварот против Црвена Звезда во понеделникот.

Како што се наведува во соопштението, „поради туркање, а подоцна и удирање на играчот на Црвена Звезда, Филип Петрушев на натпревар меѓу две екипи“, изречени се санкции за Матијас Лесор.

Тој ќе биде суспендиран на три натпревари и ќе треба да плати парична казна од 10.000 евра.

Неофицијалните информации велеа дека суспензијата би можела да достигне 12 натпревари, но тоа не се случи.

Лесор нема да може да му помогне на Партизан во дуелите со Цедевита Олимпија, ФМП и со Игокеа.

Scroll to Top