Тексашкото дерби во Орландо донесе вистински спектакл и шоу на Џејмс Харден, Кристапс Прозингиз и Лука Дончиќ. По голема борба Хјустон славеа во продолжението со 153:149.
„Брадата“ Харден забележа 49 поени, девет скока и осум асистенции, а неговиот партнер од бековската линија Расел Вестбрук имаше 31 поен, 11 скока и осум асистенции.
На спротивната страна Летонецот Прозингис забележа 39 поени и 16 скокови, а Дончиќ мечот го заврши со „трипл-дабл“ од 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
Сан Антонио Спарс и Портланд Трејлблејзерз забележаа победи во синоќешните натпревари во НБА лигата.
Спарс славеа над Сакрамнето Кингс со 129:120, додека Портланд беа подобри од Мемфис Гризлис со 140:135.
Сан Антонио до победата го предводеа Демар Дерозан со 27 поени, 10 асистенции и пет скока, додека Дерик Вајт забележа 26 поени, осум скока и пет асистенции.
Кај Сакраменто се истакнаа Диерон Фокс со 39 поени и Богдан Богдановиќ со 24 поени.
Портланд во одличен меч славеа над Мемфис 140:135. Јусуф Нуркиќ по долга пауза одигра меч за Портланд, забележа 18 поени, девет скока, шест блокади и пет асистенции. Портланд до поведата го предводеа Си Џеј Мекалум со 33 и Демијан Лилард со 29 поени. Кај Мемфис Џарен Џексон јуниор забележа 33 поени.
Резултати:
Бруклин-Орландо 118:128
Вашингтон-Финикс 112:125
Милвоки-Бостон 119:112