Top Sport

Меџик Џонсон: Јокиќ ја менува кошарката пред нашите очи

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до титуата во Западната конференција и првиот пласман во големото финале во НБА лигата.

Јокиќ, во плеј офот испиша историја откако го урна рекордот на Вилт Чембрлен од 1967 година. Од почетокот на разигрувањето, српскиот центар одигра осум трипл-дабл натпревари, легендарниот Чмбрлен има еден помалку.

Импресивен беше во финалната серија против ЛА Лејкерси, која Денвер ја доби со 4:0. На три од четирите натпревари Јокиќ имаше трипл-дабла, серијат ја заврши со просек од 27,8 поени, 14,5 скока и 11,0 асистенции и го освои трофејот Меџик Џонсон за најкорисен играч во финалето на Западната конференција.

Токму Меџик Џонсон го изрази своето воодушевување од играта на Јокиќ.

„Џокер ја менува кошарката пред нашите очи како сто тоа претходно го правеа Мајкл Џордан, Лери Бирд, Леброн Џејмс, Стеф Кари, Коби Брајант, Карим Абдул-Џабар и Шекил О’Нил“, напиша Меџик Џонсон на Твитер.

Јокиќ беше спектакуларен цела сезона, но трет пат по ред не ја освои наградата за МВП. Наградата ја доби Џоел Ембиид, кошаркарот на Филаделфија, која беше елиминирана во второто коло од плеј-офот од Бостон.

Во финалето Денвер на Јокиќ го чека подобриот од мечот меѓу Мајами и Бостон во кој Мајами води со 3:1.

Scroll to Top