Top Sport

Меџик Џонсон влезе во клубот на милијардери

Поранешниот НБА кошаркар и легенда на Лос Анџелес Лејкерс, Ирвинг Меџик Џонсон е прогласен за милијардер од бизнис магазинот „Форбс“.

Познатиот кошаркар стана само четвртиот спортист, дел од ексклузивниот клуб на милијардери, во кој се и Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и голферот Тајгер Вудс.

„Форбс“, го процени неговото богатство на околу 1,2 милијарди долари.

Џонсон играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1979 до 1996 година и во тој период беше петкратен шампион во НБА. Во својата кариера освои три МВП признанија во регуларниот дел на сезоната, а три пати беше и МВП на финалето.

Според извештајот на „Форбс“, Меџик во текот на својата кошаркарска кариера заработил околу 40 милиони долари.

Можеше и порано да достигне милијарда, но на почетокот на кариерата ги отфрли акциите на „Најки“ и потпиша договор со „Конверс“ за 100.000 долари годишно, што и самио го потврди.

Џонсон има удели во голем број компании, вклучувајќи го и бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.

Британскиот Би-би-си наведува дека најголемиот дел од неговото богатство содржи удел во компанијата за животно осигурување „EquiTrust“.

Меџик има акции и во „Старбакс“, „Бургер Кинг“ и други помалку популарни компании.

Scroll to Top