Top Sport

Меџик и Бирд ќе добијат НБА награда за животни достигнувања

НБА легендите Меџик Џонсон и Лери Бирд повторно ќе бидат „главните“ во кошаркарската лига, откако на 24 јуни ќе ја добијат НБА наградата за животни достигнувања.

Наградата доаѓа 40 години откако Џонсон го предводеше Мичиген стејт до НЦАА титулата со 75:64 победа над Индијана стејт, каде што играше Бирд на 26 март 1979 година. По ова, двајцата одбележаа ера во своите НБА клубови – Меџик во Лос Анџелес лејкерс, а Бирд во Бостон селтикс во според многумина „златната ера“ на спортот, заедно со доаѓањето на Мајкл Џордан.

Џонсон и Бирд освоија по три НБА МВП титули и беа во 12 Ол-стар натпревари, а исто така се во Куќата на славните индивидуално, но и како дел од „дрим тимот“ од Олимпијадата во 1992 година. 59-годишниот Џонсон освои пет титули со Лејкерс, додека 62-годишниот Бирд имаше три титули со Селтикс.

Досега НБА награда за животни достигнувања ја добија Бил Расел во 2017 година и Оскар Робертсон во 2018 година.

Scroll to Top