Top Sport

Мемфис остана без главната „мечка“ – Џа Морант

Тимот на Мемфис Гризлис се наоѓа во незавидна позиција во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата. Тие губија со 1:3 во серијата против Голден Стејт Вориорс, а најверојатно останаа и без првата ѕвезда Џа Морант до крајот на сезоната.

22-годишниот кошаркар го повреди десното колено во последниот меч од плеј-офот, а Гризлис објавија дека Морант „тешко ќе игра до крајот на веќе оваа сезона“.

Морант, кој ја освои наградата за играч со најголем напредок во НБА оваа сезона се повреди во последната четвртина од последниот дуел со Голден Стејт.

Scroll to Top