Работнички го доживеа третиот пораз во низа во Суперлигата, откако во големото дерби, МЗТ Скопје со 93:68 го декласираше својот вечен ривал во меч во кој имаа и 30 поени предност.
По израмнетиот старт на мечот, „металците“ во втората и третата четвртина доминираа во нападот и во двете четвртини постигнаа над 30 поени. Во последната четвртина од мечот, темпото падна и Работнички успеа малку да се доближи.
Најефикасен за МЗТ Скопје беше Хиндс со 22 поени, додека Лесколт за Работнички имаше 25 поени.
СУПЕРЛИГА, 7.КОЛО
Гостивар – Евро Никел 94:87 (22:20, 16:23, 27:20, 29:24)
Работнички – МЗТ Скопје 68:93 (17:18, 15:30, 18:31, 18:14)
Фото: КК МЗТ Скопје Аеродром