Top Sport

Мичел и Кларксон за нова победа на Јута

НБА клубот со најдобар скор во лигата, Јута Џез, предводен од Донован Мичел и Џордан Кларксон стигна до убедлива 126:110 победа над Мемфис, во меч кој беше решен уште во првото полувреме, додека Далас маверикс повторно загуби без Лука Дончиќ во составот.

Мичел и Кларксон заедно имаа 48 поени во првото полувреме, речиси исто колку 53-те на сите играчи на Мемфис, за да направат предност од 17 поени на полувреме, водство кое се зголеми на 30 поени во третата четвртина. Мичел на крајот заврши со 35 поени, Кларксон додаде 28, а Руди Гобер имаше 16 поени и 14 скока.

Лос Анџелес клиперс со 122:112 ги победија Филаделфија Сиксерс за петта победа едноподруго, предводени од Кавај Ленард со 28 поени, додека Далас загубија со 112:103 на гости кај Њу Орлеанс, во меч во кој Зион Вилијамс уфрли 38 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Милвоки – Њујорк 96:102

Минесота – Хјустон 107:129

Вашингтон – Детроит 106:92

Сан Антонио – Чикаго 120:104

Њу Орлеанс – Далас 112:103

Оклахома Сити – Бостон 94:111

Јута – Мемфис 126:110

ЛА Клиперс – Филаделфија 122:112

Сакраменто – Кливленд 100:98

Scroll to Top