Top Sport

Мициќ ги крена Ефес во белградскиот трилер со Олимпијакос

Актуелниот шампион во Евролигата, Анадолу Ефес ја доби интересната и драматична пресметка со грчкиот Олимпијакос во Белград со 77:74 (18:21, 24:22, 24:20, 11:11) за да се пласира во финалето на Ф4 турнирот и да го чека шпанскиот противник во големото финале.

По петгодишна пауза, Олимпијакос се врати на Фајнал фор турнирот со големи амбиции, кои ги покажаа со одлична игра во првата четвртина, добивајќи ја со 21:18, но актуелниот шампион се врати и направи предност од 11 поени, пред таа да се стопи во последната четвртина, во која двата тима беа крајно непрецизни. Во финишот Олимпијакос дојде на само -1 (70:71), за во последната минута да израмни на 74:74. Тогаш на сцена стапи Василије Мициќ, кој во последниот напад постигна фантастична тројка за големо финале.

Во второто полуфинале на елитното европско натпреварување, во 21 часот ќе се судрат вечните ривали Барселона и Реал Мадрид.

Scroll to Top