Top Sport

Барса со нова победа над Флензбург патува на Ф4

Барселона се приклучи на Веспрем и Кјелце на Фајнал фор турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите, откако и во реваншот, на домашен терен со 27:24 го совладаа Флензбург. Актуелниот десеткратен европски шампион имаше предност од четири гола од првиот меч (33:29).

Пред домашната публика во „Палау Блауграна“, Барса бргу дојде до 6:3 предност, но гостите покажаа дека дојдоа да се надигруваат успевајќи да израмнат на 6:6 и потоа да го преземат водството. Барселона не успеа резултатски да се одлепи до последните минути од мечот, кога Јанц и Циндриќ со серија ја обезбедија клучната предност.

Дика Мем беше најефикасен за Барса со 6 гола, Јусеф Бен Али имаше 5, а Лука Циндриќ 4, додека за Флензбург, Хампус Ване заврши со шест гола.

Кил ќе се обиде да обезбеди барем еден германски тим на Ф4 во Келн, кога вечерва ќе го пречека Пари Сен-Жермен, откако на првиот меч во Франција беше израмнето (30:30).

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Барселона – Флензбург 27:24 (10:10), прв меч 29:33

Кил – Пари Сен-Жермен 20.45 ч., прв меч 30:30

Вчера играа:

Алборг – Веспрем 31:30 (20:21), прв меч 29:36

Кјелце – Монпелје 30:22 (15:8), прв меч 31:28

Scroll to Top