Репрезентативецот на Србија, Василије Мициќ ќе остане во Кина со своите соиграчи и ако синоќа добил тажна вест дека починала неговата мајка.
Српскиоте медиуми во текот на денот шпекулираа каква ќе биде одлуката на играчот на Анадолу Ефес, а сите дилеми на денешната прес конференција ги разрешил селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
„Мојата прва мисла оди кон Васа Мициќ и неговото семејство. Јавно сакам да им изразам сочувство. Не му е лесно, цело време не му беше лесно, од почетокот на подготовките. Минуваше низ тежок период и секоја чест што се уште е тука. Тоа е голема работа“, им изјавил Ѓорѓевиќ на српските новинари во Донгуан.
Српските кошаркари утре од 13 часот го играат четврт-финалниот меч против Аргентина.