Кошаркарот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ е прогласен за играч на сезоната во Евролигата. МВП наградата, репрезентативецот на Србија, ја доби според гласовите на навивачите, новинарите, тренерите и капитените на тимовите.
Евролигата МВп наградата ја доделува од 2005 година, а сезоната прв пат за неа гласаа тренерите и капитените на тимовите. Мициќ е 15 играч кој се закитил со ова престижно признание.
Сезонава, Мициќ, три пати бил МВП на колото. Тој заедно со Владимир Лучиќ, Кевин Пангос, Никола Миротиќ и Валтер Таварез е избран во најдобрата петорка.
Регуларниот дел од сезоната Мициќ го заврши со просек од 16,3 поени и 4,8 асистенции.
Анадолу Ефес, викендов ќе игра на завршиниот турнир во Евролигата. Во Келн, притивник во полуфиналето на турскиот клуб ќе им биде ЦСКА Москва.