Top Sport

Милано е „лекот“ за Реал Мадрид во Евролигата!

Фантастичната 19:2 серија на стартот на третата четвртина беше доволна за Армани Олимпија Милано да стигне до импресивна 80:76 победа над Реал Мадрид, прекинувајќи ја низата од два домашни порази во Евролигата.

Серхио Родригез имаше 25 поени против својот поранешен клуб во првиот меѓусебен дуел оваа година, за овојпат да заврши со 17 поени, вклучувајќи ја клучната тројка на 24 секунди за 77:71 водство. Пред сезоната 2020/21, „кралевите“ имаа 15-1 скор против Милано во 21. век, а исто така имаа и низа од шест победи едноподруго, но сега имаат два порази во низа.

Василије Мициќ, пак, беше предводник на Анадолу Ефес во убедливата 102:80 победа на гости кај Асвел, доминирајќи во првото полувреме од мечот.

Мициќ имаше 23 поени (4-од-5 за три поени), 9 асистенции, 5 украдени топки и 2 скока во фантастичен меч, а Џејмс Андерсон му помогна со 12 поени и 11 скока, додека Крис Синглтон и Шејн Ларкин имаа по 16 поени. Ефес го подобри скорот на 9-9, израмнувајќи се со Басконија и Олимпијакос, додека Асвел се на 5-12.

ЕВРОЛИГА, 18.КОЛО

Жалгирис – Химки 102:75 (22:20, 17:28, 39:13, 24:14)

Олимпијакос – Баерн Минхен 84:82 (19:22, 25:24, 20:15, 20:21)

Асвел Лион – Анадолу Ефес 80:102 (15:29, 19:25, 25:28, 21:20)

Реал Мадрид – Милано 76:80 (18:17, 21:22, 10:22, 27:19)

Scroll to Top