Никола Милутинов го напушти Олимпијакос. Српскиот центар кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва.
За Милутинов (25 години, 213 сантиметри) ЦСКА ќе биде трет клуб во кариерата по Партизан и Олимпијакос.
Центарто со ЦСКА потпишал три годишен договор. Официјализирањето на трансферот тој го потврдил на својот профил на „Твитер“, а истото го направи клубот.
Оваа сезона во Еворлигата, која не заврши поради коронавирусот, Милутинов имал просек од 10 поени и седум скока.