Прв пат во историјата НБА франшизата од Њу Орлеанс, сезоната ја започна со две победи, настапува под името Пеликанс. Изминатата ноќ Пеликанс ги декласираа Сакраменто Кингс со 149:129 и го соборија клупскиот рекорд според бројот на постигнати поени во еден натпревар.
Како и на првиот меч против Хјустон, Пеликанс до победата ги предводеа Никола Миротиќ и Ентони Дејвис.
Откако во првиот меч, во Хјустон, овие двајца комбинираа 62 поени и 26 скока, против Сакраменто збирно имаа учинок од 61 поен и 19 скока.
Дејвис заврши со „дабл-дабл“ од 25 поени и 10 скока, а воодушеви шпанскиот репрезентативец со потекло од Црна Гора, Никола Миротиќ. Тој натпреварот го заврши со 36 поени (14/21, тројки 5/9) и девет скока.
Импресивната партија ги натера гледачите во Њу Орлеанс да го скандираат неговото име. Неколку пати во текот на мечот во арената ечеше „Нико, Нико“.
„Не го очекував тоа. Неверојатно е чувството кога ќе добиете таква поддршка. Ова беше една од оние ноќи кога сте сигурни дека секој шут ќе ја погоди целта“, рекол Миротиќ.